Дома Фудбал Италија Милан доби големо засилување: Потпиша Флоренци!

Милан доби големо засилување: Потпиша Флоренци!

Искусниот дефанзивец Алесандро Флоренци (30) е нов играч на Милан.

Овој 30-годишен десен бек пристигна во Милано на едногодишна позајмица од Рома со опција за откуп на договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Флоренци денеска е претставен како нов играч на Милан и потпиша договор до 30. јуни нарената година.

„Милан со задоволство го објавува потписот на Алесандро Флоренци од Рома. Играчот доаѓа на позајмица со можност за откуп на договорот.“, соопшти Милан.

Флоренци го избра и бројот на дресот, а во Милан ќе го носи бројот 25.

Флоренци скоро цела кариера ја помина во Рома. Претходната година беше позајмен во ПСЖ, а уште настапуваше за Кротоне и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Незадоволство во Барселона: Камерите го фатија гневот на Јамал, соиграчите го смируваа! (ВИДЕО)

Младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, го изрази своето големо незадоволство поради тоа…