Tимот на Милан се соочи со голем проблем во одбраната откако се повреди Симон Кјаер, па затоа веројатно во јануари „росонерите“ ќе мораат да реагираат.
Веќе е потврдено дека Данецот ќе ја пропушти целата сезона, па раководството мора да пронајде соодветно решение за да го замени. Информациите од италијанските медиуми се дека Милан ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Умтити не игра во Барселона и можеби и за него добро ќе дојде трансфер во Милан каде би добил прилика да ја „оживее“ кариерата.
Проблем може да претставува големата плата која фудбалерот ја заработува во Барселона. Досега Умтити ги одбиваше понудите да ја напушти Барселона, останува да видиме како ќе реагира на интересот на Милан.