Дома Трансфер зона Милан го позајмува Де Кетеларе на директниот ривал

Милан го позајмува Де Кетеларе на директниот ривал

Чарлс де Кетеларе минатото лето пристигна во Милан како големо засилување за 35 милиони евра, но ќе го напушти клубот после само една сезона.

Белгиецот воопшто не се снајде на „Сан Сиро“ не се вклопи во системот на игра на Пиоли и не ги исполни очекувањата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сега на неговата позиција пристигнаа нови засилувања, па јасно беше дека неговата минутажа додатно ќе се намали и Милан сака да се ослободи.

Најсилен интерес за него покажува Аталанта, која сака да го доведе на позајмица со право на откуп.

Милан ја прифати понудата и се согласи да го пушти Де Кетеларе на позајмица за која ќе добие 3 милиони евра, а Аталанта следното лето ќе може да го откупи за додатни 23 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…