Дома Фудбал Италија Милан го наградува Тонали со нов договор

Милан го наградува Тонали со нов договор

Сандро Тонали игра фантастична сезона во дресот на Милан и е еден од најзаслужните што „росонерите“ се на чекор до освојување на Скудетото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тонали минатото лето беше откупен од Бреша и прифати помала плата за да остане во Милан, па во моментов е еден од најмалку платените играчи во тимот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан сака да го награди Тонали за добрите партии и веќе започнале преговори за нов договор.

„Росонерите“ во него гледаат иднина на тимот и ќе му понудат двојно поголема плата од сегашните 1,6 милиони евра до 2026 година, а се очекува потписот да биде ставен по завршување на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…