Играчот за врска Тиму Бакајоко на лето сигурно ќе се врати во Челзи, бидејќи Милан нема намера да го откупи неговиот договор.
Бакајоко минатото лето пристигна во Милан на двегодишна позајмица, но не ги оправда очекувањата и воопшто не добива минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан веќе го известил неговиот агент дека за Французинот повеќе нема место во тимот, па на лето ќе се врати во Челзи.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе нашол замена и започнал преговори со Лион за Максанс Какерет.
22-годишниот Французин игра одлична сезона во дресот на Лион, но на лето влегува во последната година од договорот и Милан е спремен да плати 15 милиони за неговиот потпис.
📰 #Tuttosport: #Bakayoko will leave #ACMilan this summer, Maxence #Caqueret could replace him. pic.twitter.com/ojXThDDY6U
— Milan Posts (@MilanPosts) April 28, 2022