Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на раководството на ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.
„Светците“ планираат да испратат понуда за 23-годишниот дефанзивец, кој одигра одлична сезона во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покетино го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, а „светците“ спремиле понуда од 50 милиони евра.
Милан експресно ја одбил понудата и започнал преговори за нов договор со значително зголемување на платата. Тео во моментов заработува 2 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добие 4,5 милиони евра годишно.