Дома Фудбал Останато МИЛАН ВО ПРОБЛЕМИ: Случајот Бонучи се повторува – Ѕвездата на излезни врати?

МИЛАН ВО ПРОБЛЕМИ: Случајот Бонучи се повторува – Ѕвездата на излезни врати?

bonucci

Милан повторно е во проблеми, уште една голема ѕвезда од Јувентус е на излезни врати.

Игуаин го напушта Милан и се враќа во Јувентус? „Corriere dello Sprot“ тврди дека се поголеми се шансите Аргентинецот на крајот од оваа сезона да го напушти Милан. Причините се од економска природа. Милан минатото лето со Јувентус, за сума од 18 милиони евра со право на откуп за дополнителни 36 милиони евра договори едногодишна позајмица на Игуаин.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Според достапните информации на римскиот спортски весник, Минал нема во план да го откупи договорот на Игуаин поради преголемата надомест и дополнителните трошоци кои би ги имал доколку Аргентинецот потпише договор со оглед на тоа што во моментов заработува 9,5 милиони евра годишно.

Вклучувајќи ги и надоместоците и сегашната плата во случај на двегодишен договор, Милан на 30-годишниот Аргентинец би потрошил речиси околу 80 милиони евра. Дури и да се откаже од Игуаин, ќе има загуба од 18 милиони евра кои ги одвои за едногодишна позајмица.

Премногу за клуб кој се уште е во фаза на транзиција. Според спортскиот директор Леонардо со кого има поддршка и од директорот за развој – Паоло Малдини, инсистира за купување на Игуаин, свесен за финансиското оптоварување и ризикот во вид на финансискиот фер-плеј.

Откупот на Игуаин е се понереален, а оваа сезона на 13 досегашни настапи во сите натпреварувања постигна седум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…