Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ се засили со Британец!

МЗТ се засили со Британец!

МЗТ Скопје Аеродром во финишот на преодниот рок во АБА лигата договори соработка со Британецот Девон ван Острум.

24-годишниот Британец, кој има и холандски пасош, договори соработка до крајот на сезоната во АБА лигата, со можност истата да биде продолжена и за македонскиот шампионат.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Девон ван Острум е висок 193 сантиметри и игра на двете бековски позиции, а во МЗТ пристигна од Грција каде што настапуваше за екипата на Короивос. Новоангажираниот кошаркар е сениорски репрезентативец на Велика Британија и соиграч на Даниел Кларк.

Ван Острум во МЗТ доаѓа на местото на Сулејман Дијабате. Британскиот кошаркар кариерата ја започнал во Басконија, а има настапувано за уште неколку шпански пониски лигаши, како и за Цибона, финскиот тим Кувот и грчки Аркадикос.

Дебито на ван Острум во дресот на МЗТ Скопје треба да се случи на дуелот против Мега Лекс, закажан за 28 јануари во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…