Koшаркарите на МЗТ Скопје вчера станаа шампиони на Македонија откако во третиот финален натпревар го победија Работнички со 85:78.
До седмата титула која е освоена во последните осум години МЗТ дојде со победа од 3:0 во финалната серија над „вечниот ривал“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За МВП во финалната серија беше прогласен Дамјан Стојановски.
Најефикасни во победничкиот тим беа Иве Иванов со 23 поени, седум скокови и седум асистенции и Лестер Медфорд со 16 поени и седум асистенции, а во тимот на Работнички Чавдар Костов и Ѓорѓи Чековски имаа по 17 поени.
Шампионскиот пехар на МЗТ им го врачи новиот претседател на кошаркарската федерација Перо Антиќ.