Непријатно изненадување беше денешната вест дека се затвара базенот во Карпош кој е во склоп центарот на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Ова секако најмногу ќе ги погоди пливачите на клубовите. На социјалните мрежи својот став го изнесе нашата поранешна пливачка, Наташа Мешковска. Образложението е дека базенот е затворен поради дефект или енергетската криза во државата, но ретко кои верува во тие две сценарија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Денес се затвори под клуч и единствениот пливачки објект кој функционираше за клубовите и граѓаните, базенот Карпош. Со тоа и официјално се уништи најздравиот спорт за секое дете, за секој човек, пливањето. Спорт во кој имаше врвни резултати и нацијата беше горда на тоа. Образложението е дека има дефект, но никој не верува во тоа. Трошок им е. Затоа нема да работи. Бидејќи спортскиот центар БТ е под капа на Владата, ја повикувам новата влада и новиот премиер да се заложат и да најдат начин базенот повторно да се стави во функција. Ова е срамно и крајно неодговорно од страна на раководството и сите надлежни кои раководат со центарот. Неспособни кадри, поставени партиски, кои воопшто не ги интересира ни спорт, ни рекреација, само личен интерес. Уништивте и тоа малку што беше оставено во наследство од нашите родители и предци. Базените се градени од самопридонес на граѓаните на оваа земја. Платени сте да работите, а не да затварате“, порача Мешковска.