Дома Фудбал Меси ја даде првата изјава после освојувањето на наградата

Меси ја даде првата изјава после освојувањето на наградата

Лео Меси синоќа беше прогласен за најдобар играч за 2019. година во избор на ФИФА.

Аргентинскиот фудбалер ја доби наградата за најдобар, и ова е прва индивидуална награда за Меси уште од 2015. година. Меси претходната сезона беше брилијантен, а за Барселона и репрезентацијата на Аргентина на 58 натпревари постигна 54 погодоци.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Меси ја предводеше Барселона во одбраната на титулата во Шпанија, и до полуфиналето во ЛШ, каде овој тим доживеа шокантен пораз од Ливерпул во полуфиналето.

Во конкуренција за наградата покрај Меси беа Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо, но Аргентинецот доби поголем број гласови и на крајот заврши на првото место.

„Ова беше прекрасен и емотивен ден бидејќи сето тоа успеав да го споделам со децата. Откако стигнавме се дружевме со одлични фудбалери и моите синови навистина уживаа. Исто така, голема чест е да се освои оваа награда и расположението поради тоа е уште поголемо.“ – изјави Меси и додаде:

„Можам да ви кажам дека нема никакви тајни. Единствената работа е што се уште го давам својот максимум и се обидувам да бидам се подобар, да освојувам што повеќе титули со екипата. Останатото доаѓа после тоа.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона преку Билбао до финале во Суперкупот

Барселона ќе се бори за трофејот во Суперкупот на Шпанија, откако во полуфиналето го совла…