Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лионел Меси смета дека неговата селекција заслужи да игра на СП во Русија, и покрај се што мина.
Аргентина по голема драма во последното коло од квалификациите успеа да се квалификува на Мундијалот, а херој за Гаучосите беше Лео Меси кој со хет-трик донесе победа над Еквадор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Заслуживме да поминеме поради се низ што минавме. Губевме некои дуели, не е лесно кога по сето тоа мораш да играш, но сето тоа не направи посилни“, истакна Меси.
Аргентина квалификациите ги заврши на третата позиција, а покрај неа на Мундијалот од Јужна Америка ќе одат Бразил, Уругвај и Колумбија, додека Перу ќе го бара својот пласман преку баражот.
„Се плашев дека нема да се квалификуваме. Многу бев исплашен. Тоа би било катастрофа за Аргентина, за нас, за сите. Се боревме, патевме и не дозволивме да останеме без пласман во Русија“, истакна еден од најдобрите играчи на светот.