За аргентинскито велемајстор изгледа како да не постојат граници.
Дебатата за тоа кој е најдобар фудбалер во историјата ќе се води вечно и конечен одговор на ова прашање никогаш нема да добиеме. За некои тоа е Меси, за други Роналдо, а постарите ќе изберат некој од Пеле и Марадона, аргументи како и недостатоци имаат сите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера во дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид во кое Барселона славеше победа од 2:0 оние кои го сметаат Меси за најдобар добија уште еден аргумент повеќе.
Имено од вчера Меси стана фудбалерот со најмногу победи во историјата на шпанската Ла Лига. Играјќи за Барселона Меси вчера стигна до 335-тата победа во најсилната шпанска конкуренција. Досегашен рекордер беше легендарниот голман на најголемиот ривал на Барселона Реал Мадрид, Икер Касиљас кој денес го носи дресот на Порто.
Освен со победите Меси е прв и кога се головите во прашање и тоа во оваа категорија е прв во топ пет првенства во Европа. Имено, Меси е играчот со најмногу голови во најсилните првенства во Европа зад своето име Меси има 416 погодоци, а со два гола зад него е Кристиано Роналдо со 414. Оваа трка ќе трае во годините кои се пред нас се додека и двајцата активно играат фудбал.