После четири години Лионел Меси и официјално се појави на пресконференцијата пред финалето на Купот на кралот со Валенсија.
Капитенот на Барса јавно му пружи поддршка на тренерот Ернесто Валверде и се осврна на болниот пораз од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампиони.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Резултатот од мечот со Ливерпул беше многу тежок, се уште ме боли тој пораз. Меѓутоа, ние сме сами виновни за тоа, а не тренерот. Верувам дека сите во главите веќе се видовме во финалето и цврсто верувавме дека не може да ни се случи истото како во Рим. Мислам дека првото полувреме во Ливерпул не беше лошо, но во второто полувреме престанавме да се бориме и тоа скапо не чинеше“, истакна Меси, кој потоа застана во одбрана на Валверде.
„Моето мислење е дека тој заврши импресивна работа, а за елиминацијата од Ливерпул не е тој виновен. Ние играчите сме тие кои сносат одговорност. Тоа веше несреќен натпревар за нас, втор пат по ред на таков начин отпаѓаме од Лигата на шампиони“.
„Јас би сакам Валверде да остане и следната сезона. Во две години со него загубивме само два важни натпревари. Сега имаме шанса да освоиме двојна круна“, заклучи Меси.
? Messi: "We must give importance to the Cup, we want to win one more title" ??? #TotsUnits pic.twitter.com/kAlR7MkLKh
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 24, 2019