Дома Трансфер зона Меси нареди, а Барса мора да слуша: Каталонците повторно на шопинг во Ливерпул!?

Меси нареди, а Барса мора да слуша: Каталонците повторно на шопинг во Ливерпул!?

Конкурсот за наследник на Суарез е одамна отворен, Барселона се подготвува за живот по Уругваецот.

Првично имаше три имиња, но според тврдењата на „Дон Балон“, Лео Меси има посебна желба. Таа се вика Роберто Фирмино, Бразилецот игра одлично од стартот на сезоната и изгледа дека е најдобриот поединец во Ливерпул.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


За важноста за играта на екипата од Клоп се зборува се повеќе и тоа со причина, Фирмино е напаѓач каков што и е потребен на Барса, бидејќи покрај квалитетите во финишот, тој има квалитети со кои лесно би се вклопил во тактиката на Валверде. Управата не е против оваа идеја, затоа што „Црвените“ играат брз и силен интензивен фудбал, а фудбалерот има 28 години и се наоѓа на врвот на неговата кариера.

Сепак, целата „операција“ би морала да почека до 2021. година до кога трае договорот за забрана на купвуање на фудбалери помеѓу Барселона и Ливерпул, па на „Енфилд“ можат да бидат мирни до тогаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…