Дома Фудбал Меси може да игра со заштитна маска на лицето и тоа нема да му биде прв пат (ФОТО)

Меси може да игра со заштитна маска на лицето и тоа нема да му биде прв пат (ФОТО)

Фудбалерите на Барселона вчера на гостински терен го победија Манчестер Јунајтед со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Одлучувачкиот момент во вчерашниот натпревар се случи во првото полувреме кога Лук Шо си ја погоди сопствената мрежа. Но, уште еден детал кој го обележа натпреварот е повредата на Меси која ја заработи после дуелот со Крис Смолинг.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меси доби жесток удар во лицето од Смолинг поради што остана раскрварен да лежи на теренот. Откако му беше укажана лекарска помош Меси го продолжи натпреварот и ги одигра комплетните 90 минути, но не ризикуваше премногу и не влегуваше во силни дуели.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси покрај повредата на носот заработил повреда и на левото око и дека е поради тоа е под знак прашалник за реваншот кој ќе се игра во среда на „Ноу Камп“.

Јасно, во Барселона сите веруваат и очекуваат нивниот најдобар играч да ги предводи на домашен терен против „црвените ѓаволи“.

Како што се пишува не е сигурно ни дали Валверде ќе ризикува со Меси во натпреварот од шпанското првенство за викендот против Хуеска.

Наводно, постои и опција Меси да истрча на теренот со заштитна маска на лицето. Интересно е што на Меси тоа нема да му биде прв пат да игра со таков додаок. Претходно маска носел додека бил дел од младинските категории на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…