Изминатото лето Лионел Меси ја напушти Барселона поради финансиската криза која го погоди клубот. Аргентинецот се пресели во ПСЖ, а на Барселона откако не одеше дојде Чави на клупата, се врати и Алвес.
Меси во интервју за „Марка“ зборуваше за Барселона и сегашната ситуација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Доаѓањето на Чави е одлична вест. Барселона со него ќе напредува затоа што одлично го познава клубот и знае што треба да прави. Не се сомневам дека Барса ќе биде подобра со него и дека ќе се врати на победничките патеки“.
Најави дека еден ден ќе се врати.
„Барса е мојот дом и ќе се вратам еден ден. Ако можам да помогнам ќе бидам тука. Ме радува враќањето на Алвес, посебно во овој момент. Тој е играч со победнички менталитет и ќе биде од голема помош на младите играчите на теренот, но и надвор од него. Голем навивач сум на Барселона дури и кога не сум таму. Имам многу пријатели во клубот и сигурен сум дека Барселона ќе биде онаа старата“.
„Не знам дали финансискиот аспект беше единствената причина, така ми беше кажано, дека не можам да потпишам“.
ПСЖ е помеѓу фаворитите во ЛШ, а Меси сака повторно да го освои овој трофеј.
„ПСЖ е меѓу фаворитите, но мораме уште многу да работиме и да бидеме најдобри. Фаворити има многу, Ливерпул повторно е силен, тука се Баерн, Сити…Многу тимови сакаат да стигнат до овој трофеј“, истакна Меси.