Уругваецот Луис Суарез во овој момент е без клуб и ги разгледува опциите за неговата иднина.




Прва фаовирт е Круз Азул кој јавно го кажа својот став, но потоа се појави и уште едно име, бразилскиот Гремио.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Имено, Бразилците исто така сакаат да го доведат уругвајскиот голгетер и веќе започнале преговори.




„Првиот разговор кој го имавме беше повеќе официјален. На вториот беше насмеан и комуникативен…Се шегуваше на сметка на Меси.




Ни кажа дека Лео го советувал да дојде во Гремио“, откри претседателот на клубот Паоло Калефи.




Меѓутоа, Гремио нема баш најдобра финансиска ситуација и прашање е дали можат да ги исполнат условите на Суарез. Како што самите потврдија потребно им е малку време, но ќе чека ли Суарез? Круз Азул е спремен веднаш да ја заврши работата…



