Дома Топ вести Меси го советувал Нејмар кој клуб да го избере!?

Меси го советувал Нејмар кој клуб да го избере!?

Според шпанскиот весник, „Дон Балон“ го советувал Нејмар пред сагата околу неговиот евентуален нов траснфер.

Нејмар минатото лето ја напушти Барселона и за сума од 222 милиони евра премина во редовите на ПСЖ, но веќе на големо се зборува дека во текот на летото бразилскиот мајстор би можел да премине во Реал Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, „Дон Балон“ тврди дека Меси го советувал својот поранешен соиграч сериозно да размисли за трансфер во Манчестер Сити бидејќи во тој тим под водство на Гвардиола би имал прилика да го покаже својот пол потенцијал.

Претходно медиумите го поврзуваа Нејмар со преминување во градскиот ривал на Манчестер Сити, Јунајтед. Сепак, во овие моменти веројатно никој не верува дека ПСЖ по само една сезона би му дозволил на Нејмар да замине.

Нејмар во својата прва сезона во Париз одигра 30 натпревари, постигна 29 погодоци и запиша 19 асистенции, пред да биде повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…