Дома Фудбал Меси го нарече најтешкиот ривал, играше за Шпанија, а сега ќе игра за Аргентина

Меси го нарече најтешкиот ривал, играше за Шпанија, а сега ќе игра за Аргентина

ПАБЛО МАФЕО (26) ќе стане нов репрезентативец на Аргентина, пренесуваат тамошните медиуми.

Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија одлучи да го промени фудбалското државјанство и ќе се најде на списокот на Лионел Скалони.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аргентинците чекаа потврда дека документацијата ќе биде решена навреме за Мафео да дебитира за нивната репрезентација овој месец, а сега стигна и таа потврда.

Мафео има право да игра за Аргентина преку својата мајка.

Мафео игра на позицијата десен бек, тој е дел од фудбалската школа на Манчестер Сити, но има само три настапи за нив. Играше и за Штутгарт, а поголемиот дел од кариерата го помина на позајмица во Џирона, Хуеска и Мајорка.

Во летото 2022 година Мајорка го купи од Штутгарт за три милиони евра, а сега е нивен стандарден првотимец.

Меси го нарече најтешкиот противник
Интересно, во едно интервју од 2020 година, Лионел Меси го нарече најтешкиот противник со кој се соочил. „Најтешкиот беше Пабло Мафео од Џирона! Никогаш не се жалев, но тој дуел беше жесток“, изјави Меси.

За нивниот дуел зборуваше и Мафео. „Меси ми рече: „Ти си со мене цел ден“, а јас му одговорив: „Ти си најдобар на светот, нема да те оставам на мира“.

Ме праша колку години имам, дали Манчестер Сити ме пратил тука и како е таму. Исто така ми кажа дека не му било удобно кога го чувам.Бевме еден до друг цел натпревар,ме прашуваше други работи. Тој е добар човек.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…