Лионел Меси по две сезони си замина од Пари Сен Жермен и за нешто помалку од еден месец, веројатно на 21-јули го очекува дебито за Интер Мајами.
Во Париз, Меси постигна 32 гола на 74 натпревари и освои две титули, но најголем дел од навивачите му испраќаа свирежи во последните натпревари и му ставија до знаење дека сака да замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разговор за „Беин Спорт“, Меси го коментираше своето заминување.
„Некои луе почнаа да ме третираат поинаку, дел од навивачите во Париз. Мислам дека имаше и дел кој сакаше да останам, но дојде до конфликт со голема група и тоа не го сакав. Ми се случи тоа што им се случуваше и на Нејмар и Мбапе. Знам дека навивачите така се однесуваат“, објасни Меси.
„Ќе ги носам со себе убавите спомени од луѓето кои ме почитуваат и кои секогаш ги почитував од кога дојдов“, заклучи Аргентинецот.