Дома Фудбал Останато Меси во кариерата намерно дриблал само еден фудбалер, сакал да го понижи

Меси во кариерата намерно дриблал само еден фудбалер, сакал да го понижи

Лионел Меси кој неодамна беше прогласен од „Марка“ за најдобар фудбалер во историјата сега откри кој фудбалер во кариерата намерно го дрибллал сакајќи да го понижи.

Станува збор за Роберт Левандовск кој денес го носи дресот на Барселона. На Меси не му се допаднало тоа што Левандовски го изјавил за него по доделувањето на „Златната топка“ во 2021 година, па на тој начин сакал да му врати.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Да намерно го дриблав. Не ми се допадна тоа што го кажа за мене по доделувањето на „Златната топка“. Јас таа награда ја добив во 2021, но кажав дека ја заслужува Роберт. Тој потоа кажа дека не сум го мислел тоа што сум го кажал.

Така имав што да кажам на теренот на СП во Катар против Полска, посебно против него. Подоцна кога дојде во Барселона разговаравме и сфативме дека тоа било недоразбирање“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите жестоко нападнаа ѕвезда на Манчестер Јунајтед, имаат едно барање од Керик

Навивачите на Манчестер Јунајтед издвоиле еден играч и покрај тоа што нивниот тим синоќа с…