Лионел Меси вчера ја доби својата осма Златна топка во кариерата со што веќе е далеку пред Кристијано Роналдо кој има пет.
Меси во изборот заврши пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, а секако најголема причина за тоа е освоениот Мундијал со Аргентина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во таква ситуација Меси секако беше одлично расположен, па имаше интересен разговор со познатиот шпански стример Ибаи Лијанос кој претходно откри што се допишувал со фудбалерот. Шпанецот во претходниот свој стрим раскажа за што се допишувал со Меси.
„Лут сум на тебе Ибаи. Не ми се допаѓа тоа што јавно ги откри нашите приватни пораки. Знаеш ли ти што е приватност“, го запраша Аргентинецот во вклучувањето на Твич.
Ибаи се обиде да се извлече кажувајќи дека ги замаглил, но тоа не му помогна многу.
„Па што? Не ги покажа, расакажа се што кажав. Не ми се допаѓа тоа, следниот пат нема да ти одговорам. Ќе те оставам на „seen““.
Веднаш потоа Ибаи го запраша за „Златната топка“, Меси беше спремен и за тој одговор.
„Златната топка? Сега менуваш тема ку**ин сине“, со насмевка му возврати Меси.
el momento en el que me llama hijo de puta y luego nos ponemos a hablar como si fuera una entrevista seria qué ha sido pic.twitter.com/fvGKcNYKwH
— Ibai (@IbaiLlanos) October 30, 2023