Дома Останати Менаџерот на Кабиб до Конор: Пи*ко сега седи и гледај како се борат вистинските мажи

Менаџерот на Кабиб до Конор: Пи*ко сега седи и гледај како се борат вистинските мажи

Aли Абделазис, менаџерот на Кабиб Нурмагомедов испрати провокација до Конор Мекгрегор откако Ирецот објави дека се повлекува од ММА борбите.

Конор, Кабиб и нивните луѓе подолго време се во отворен конфликт кој кулмнираше со борбата и хаосот надвор од кафезот на УФЦ 229 евенетот во Лас Вегас.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Следната борба на Кабиб требаше да биде против Гатје кој неодамна го победи Тони Фергусон. Мекгрегор бараше борба со Гатје, но не ја доби бидејќи одби да се бори со Фергусон место Гатје. Конор тогаш изјави дека тој не е борец за замена и дека не сака така да се третира.

„Требаше да биде фраер и да се бори против Фергусон. Се криеш од него со години. Џастин скокна и се покажа. Пи*ко сега седи и гледај како се борат вистинските мажи“, му порача Абделазис на Твитер.

Гатје и Нурмагомедов би требало да се борат до крајот на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…