Жозе Мурињо е во потрага по засилување во средниот ред и човек кој ќе му биде партнер на Пол Погба.
Како што пренесува „Кориере Дело Спорт“, „Спеацијалниот“ испратил скаути да го следат настапот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во натпреварот помеѓу Сампдорија и Лацио.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Покрај тоа во текстот на новинарот за реномираниот спортски весник се наведува и дека на следниот натпревар на Лацио ќе присуствуваат и луѓе од Манчестер Сити.
Скаутот на Мурињо имаше и што да види. Савиќ во натпреварот против Сампдорија постигна еден гол и запиша една асистенција. Освен тоа, Србинот оваа сезона во Серија А успеа да добие дури 104 дуели и по тој сегмент е најдобар во Серија А.
Лацио за Сергеј бара сума помеѓу 80 и 100 милиони евра, но сигурно нема да го пушти до лето. За неговата судбина веројатно ќе се одлучува по Светското првенство наредното лето.