Веќе подолго време се шпекулира дека Реал Мадрид го сака Килијан Мбапе, а шпекулациите се интензивираа откако Зинедин Зинан се врати на клупата на „кралевите“.
„Франс Фудбал“ објави детали кои наведуваат на заклучок дека токму Мбапе би требало да стане наредниот „Галактикос“, играчот околу кој Реал Мадрид ќе ја гради иднината. Според информациите на францускиот магазин, Реал Мадрид ќе ги вклучи сите можни ресурси кога се финансиите во прашање и е спремен да издвои астрономски 280 милиони евра за брзоногиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако му се верува на новинарот Едуард Инда, трансферот на Мбапе во Реал Мадрид би можел да биде поблиску од тоа што се претпоставуваше.
Тој во гостувањето на шпанската ТВ-емисија, „Ел Чирингито“ кажа дека 20-годишниот Мбапе веќе имал разговори со Зидан, па му кажал на тренерот на Реал дека е подготвен да испрати барање за трансфер на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.
Инда порача и дека „кралевите“ имаат подготвен план, па ќе се обидат да го убедат Ал-Келаифи да се согласи на трансфер вреден 280 милиони евра, а се спремни во трансферот да вклучат и некои играчи како Иско или Хамес Родригез.
Освен тоа Французите откриваат и дека за Мбапе е спремна најголемата плата во соблекувалната на Реал, односно околу 16 милиони евра по сезона.
Real Madrid manager Zinedine Zidane has made Kylian Mbappé his number one target this summer and could offer PSG around £240m. (Source: France Football) pic.twitter.com/Ko64MZwmsf
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 26, 2019