Француските медиуми објавија дека Мбапе е на излезни врати од Монако, и дека кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.
По информациите кои говорат за трансферот на Мбапе и Моура, па и Фабињо, денес протекоа уште поинтересни индормации.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Имено, „Сан“ објави дека трансферот на младиот француски напажач од Монако во ПСЖ би можел да претставува спас за Диего Коста. Шпанецот сака да го напушти Челси и да премине во редовите на Атлетико Мадрид.
Проблем претаставува фактот што Атлетико ќе има право да носи нови играчи дури по јануари, па Коста во тој случај како што стојат работите, во следните 6 месеци не би бил ангажиран. Како што се наведува, Монако во случај на заминување на Мбапе, во своите редови ќе се обиде да го донесе Коста.
„Кнежевите“ се подготвени да платат 70 милиони евра за Шпанецот и да му понудат тригодишен договор. Доколку Коста прифати да потпише за Монако повторно ќе игра со Фалкао, со кој некогаш беа тандем во редовите на Атлетико Мадрид.