Дома Топ вести Мбапе постави важни услови за да остане во ПСЖ

Мбапе постави важни услови за да остане во ПСЖ

Килијан Мбапе минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ на три сезони, но само неколку месеци подоцна почнаа шпекулациите дека не е задоволен во клубот.

Мбапе поставил три услови кои треба да бидат исполнети за да остане во парискиот клуб подолг период.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


24-годишниот Французин сака раководството да го продаде Нејмар. Клубот и минатото лето се обиде да го продаде Бразилецот за да го задоволи Мбапе, но не можеше да најде потенцијален купувач.

Исто така, Мбапе не е задоволен од тренерот Кристоф Галтие и јасно му порачал на раководството на тимот да му даде отказ на лето и потоа да го ангажира Зинедин Зидан.

Третиот услов за раководството е да пронајдат замена за Нејмар, односно врвен централен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…