Дома Фудбал Останато Мбапе им открил на соиграчите дали останува во ПСЖ

Мбапе им открил на соиграчите дали останува во ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе ќе остане на „Паркот на принцовите“ и оваа сезона.

Мбапе тоа им го потврдил на блиските соиграчи во тимот, пренесува „Кадена Сер“, повикувајќи се на блиски извори.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мбапе силно посакува да го напушти ПСЖ уште ова лето и да го оствари сонот да заигра за Реал Мадрид. Меѓутоа, тој им признал на соиграчите дека клубот нема никаква намера да го пушти ова лето.

Мбапе сигурно ќе остане во Париз уште една сезона, а следното лето ќе биде слободен агент и ќе може без обештетување да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Мбапе оваа сезона ќе формира атомско трио со Меси и Нејмар, па сонот е да ја освои Лигата на шампиони пред да се пресели во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…