Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе им даде „корпа“ на српските новинари, Силва не сакаше да зборува англиски

Мбапе им даде „корпа“ на српските новинари, Силва не сакаше да зборува англиски

ПСЖ вчера со резултат од 1:4 ја совлада Црвена Звезда во Белград и така го освои првото место во групата од Лигата на шампионите.

Меѓутоа фудбалерите на овој клуб после победата не беа баз расположени за дружење со новинари, барем кога во прашање беа српските новинари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српските новинари во микс зоната ги чекаа фудбалерите на ПСЖ, но следуваа разочарувања. Првото им го припреди Мбапе кој го одмина новинарот на „Б92“, за само неколку метри подоле да застане и нормално зборува со Французите.

И капитенот Тиаго Силва се однесуваше лошо кон српските новинари, но за разлика од својот помлад колега барем застана пред нив.

Меѓутоа кога слушна дека зборуваат на англиски порача дека не сака да одговара прашања на овој јазик.

Видеата од Мбапе и Силва можете да ги погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…