Франсцуската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе тврди дека е жртва на лажни вести откако шведските медиуми објавија дека полицијата започнала истрага за наводно силување во хотел во Стокхолм каде што поминал две ноќи со пријателите.
Напаѓачот на триколорите и Реал Мадрид од среда до петок ја посети Шведска со своите пријатели, сместувајќи се во хотел во центарот на градот. Во четвртокот се забавуваше во ноќниот клуб V, а во петокот со приватен авион го напушти шведскиот аеродром Брома. Силувањето наводно било извршено во четвртокот вечерта во центарот на Стокхолм“, објави Афтонбладет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Полицијата ја прифати пријавата откако жената побарала лекување“, додава весникот, кој не прецизира кој е осомничениот во овој случај. „Афтонбладет нема информации дека во моментов некое лице е осомничено за кривично дело“, пренесува шведскиот весник.
Според фотографиите кои ги објави Афтонбладет, полицијата во понеделникот била пред хотелот во кој престојувал Мбапе и неговата придружба. Стокхолмската полиција не сакаше „ниту да ја потврди, ниту да ја демантира“ оваа информација.
Дел од француските медиуми наведоа дека Мбапе бил во хотелот во кој се случиле овие наводни настани, но нема индикации дека тој бил директно или индиректно инволвиран.
Во врска со оваа афера се огласи и тој. „Лажни вести. Ова станува толку предвидливо, само публиката да го следи“, напиша напаѓачот на Реал Мадрид.