Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид и врши притисок на клубот да го пушти на „Сантиаго Бернабеу“.
Новинарот Хозе Луис Санчез, кој важи за добро информиран, објави дека Мбапе сака да се пресели во Мадрид до крајот на летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Килијан Мбапе е опседнат со идејата да стане нова ѕвезда и главен играч на Реал Мадрид. Сака да дојде во следните две недели“, кажа Санчез.
Шпанскиот новинар исто така тврди дека одличниот фудбалер оваа одлука не ја донел поради пристигнувањето на Лионел Меси во ПСЖ.
„Потписот на Меси нема никаква врска со ова. Сонот на Мбапе е да го облече белиот дрес на Реал Мадрид“, вели новинарот.