Дома Топ вести Мбапе го избра новиот клуб и ја шокираше Европа

Мбапе го избра новиот клуб и ја шокираше Европа

Како што пренесуваат француските медиуми, ѕвездата на Монако Килијан Мбапе им соопштил на челниците на својот клуб дека сака да премине во редовите на големиот ривал Пари Сент Жермен.

Мбапе, кој е голема желба на Реал Мадрид, наводно се договорил со ПСЖ и сака да се пресели во Париз каде ќе игра во тандем со Нејмар.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


ПСЖ иако пред неколку дега го сруши светскиот трансфер рекорд за Нејмар, нема да има проблеми да искешира нови 180 милиони евра за да го донесе Мбапе во своите редови.

Ваквата одлука на Мбапе ги шокираше фудбалските фанови во Европа, со оглед на фактот дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за неговиот потпис и се очекуваше да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Доколку навистина се реализира овој трансфер, ПСЖ ќе формира пеколно напачко трио, Нејмар – Кавани – Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…