На местото на кое многу пати на трибините бил како навивач ќе го дочекаат навреди од тие исти трибини…
Маурицио Сари утре ќе биде жестоко дочекан во Фиренца. Имено, иако е голем навивач на „Виолетовите“ тоа нема да го спаси од навредите бидејќи утре ќе го води Јувентус против Фиорентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе биде жестоко, иако тој ќе си ја работи својата работа 90 минути, а потоа повторно ќе биде навивач на Фиорентина“, изјави неговиот најдобар пријател Аурелио Вирџили.
Аурелио е син на Џузепе Вирџили кој во втората половина на педесетите години играл за Фиорентина.
„Не се расправавме кога премина во Јувентус, тоа е работа и тој е голем професионалец. Но кога ќе нема да успее да гледа некој некој натпревар на Фиорентина, тој ме бара да му кажам што се случувало. Еднаш ми кажа дека на крајот на кариерата ќе дојде да ја тренира Фиорентина гратис“, додаде Џирџили.
Но, за разлика од него мајката на Сари не го прифатила баш најдобро тоа што нејзиниот син го избрал Јувентус.
„Кога дозна дека Маурицио се договорил со Јувентус ми кажа дека еден период нема да му зборува“, откри пријателот на Сари.
Сари е роден во Неапол, неговиот татко таму работел. Но имаат семејна куќа на нешто помалку од 30 километри до Фиренца, неговите родители и денес живеат таму.