Дома Фудбал Лига на шампиони Маунт: И јас се изненадив од пеналот

Маунт: И јас се изненадив од пеналот

Челзи синоќа го победи Милан на „Сан Сиро“ со 2:0, сепак после мечот главна тема е судењето на главниот судија Даниел Зиберт.

Зиберт во 18-та минута досуди пенал за Челзи и му даде црвен картон на Томори, после еден спорен контакт во казнетиот простор.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Мејсон Маунт над кого беше направен пеналот изјави дека и тој се изненадил од престрогата одлука на германскиот судија.

„Мислам дека исклучувањето на Томори беше престрого. Можеби имаше контакт за пенал, но искрено и јас бев изненаден бидејќи останав на нозе и можев да шутирам. Ми беше тешко што Фик се најде во таква ситуација, не заслужи црвен картон“, изјави Маунт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Алкантара стави крај на кариерата

Шпанскиот репрезентативец со бразилско потекло, Тиаго Алкантата одлучи да стави крај на пр…