Резервниот голман на Јувентус, Матија Перин го продолжи договорот со „старата дама“ до 2025 година, потврди гигантот од Торино.
Перин поретко добиваше шанса на голот оваа сезона затоа што Алегри довербата му ја даде на Војчех Шчесни, а италијанскиот голман важи за еден од омилените ликови во клубот, па и за очекување беше да продолжи соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Член на Јувентус Перин е од 2018 година, но минатата сезона ја помина на позајмица во Џенова.
Јувентус при продолжувањето на договорот со Перин на официјалниот сајт истакна дека голманот остварил дури осум „чисти“ мрежи на 17 натпревари сезонава.