Веќе некое време Кристијано Роналдо се поврзува со повеќе европски клубови Челзи, Рома, Барселона, ПСЖ, Баерн…Сега можноста како би било да го гледаме во дресот на Баерн ја коментираше легендарниот Лотар Матеус.
Матеус го гледа Роналдо како наследник на Левандовски во Баерн. За него тој е одличен голгетер, но тој трансфер не би бил трансфер за иднината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој има 37 години и би бил секогаш во стартните 11. Не знам дали би се вклопил во системот на Баерн, но и понатаму е страшен голгетер. Сигурно би постигнал 30-тина голови. Продажбата на дресови би го рефинансирала трансферот.“
„Роналдо во Баерн, тоа би било се*с! Ако Баерн мисли дека Роналдо е физички спремен да помогне година или две и ако може да го купи со парите од продажбата на Левандовски, тогаш би требало да размислат. Притисокот на напаѓачите би бил висок. Ако се согласи на плата како што има Левандовски тогаш би влегол во тој систем“.
„Нагелсман веќе има две одлични засилувања во средниот ред, Гравенбер и Лајмер“, објави поранешниот фудбалер на клубот од Минхен.