Дома Фудбал Останато Матеус раскажа како Марадона му испратил поздрав и торба полна со пари

Матеус раскажа како Марадона му испратил поздрав и торба полна со пари

Славниот германски фудбалер, Лотар Матеус се потсети на неговото искуство со неодамна починатиот Диего Армандо Марадона.

Матеус даде интервју за „Билд“ во кое објасни како Диего лично испратил делегација по него во Минхен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Беше тоа непосредно после Светското првенство во 1986 година која Аргентина го освои предводена од Марадона. Матеус во тоа време беше член на Баерн и голема желба на Марадона и Наполи.

„Диего во Германија испрати делегација од Неапол. Бевме во еден ресторан кој вообичаено е затворен во сабота, се отвори само поради нашиот состанок. Кога се вратив, мене и мојот агент не дочека троба полна со пари“:

„Тоа беше поздрав од Диего. Во актовката имаше милион марки, три пати повеќе отколку што заработував во Баерн. Бараа од мене да потпишам за Наполи. Понудата ја одбив, но гестот на Диего беше многу важен“, се потсети Германецот.

Следната сезона Наполи го освои првото Скудетото, а Мтеус во 1990 година дојде во Серија А, но не во Наполи туку во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…