Дома Фудбал Останато Мартинез останува на кормилото на Белгија до 2022 година

Мартинез останува на кормилото на Белгија до 2022 година

Роберто Мартинез ќе потпише нов договор со Фудбалскиот сојуз на Белгија и на функцијата ќе остане до завршувањето на Светското првенство во Катар, односно до 2022 година.

Се уште нема потврда од локалната Федерација, но белгиските медиуми откриваат дека поранешниот менаџер на Евертон ќе го предводи тимот и на Мундијалот во Катар.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Претходниот договор на стратегот истекуваше после ЕП 2020, што беше одложено за следната година. 46-годишниот Мартинез во неколку наврати рече дека е заинтересиран да го предводи составот на Европското и тоа ќе се случи.

Белгија се квалификуваше за ЕП 2020 откако победи на сите 10 натпревари, постигнувајќи 40 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик призна дека ќе се откаже од 9 играчи

За време на денешниот отворен тренинг на Барселона, присутните новинари во клупската база …