Љубителите на фудбалот ширум целиот свет со нетрпение го очекуваат полуфиналниот дуел помеѓу Франција и Белгија на Мундијалот.
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез пред утрешниот меч истакна дека ова е уникатна шанса белгискиот фудбал да се искачи на самиот светски врв.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Играчите работат заедно на исклучителен начин многу долго време и заслужуваат да бидат точно каде се сега. Најбитно е дека ние сме тим. Индивидуалните квалитети и талент се исто така важни, но најважно на такви турнири е колективот. Тоа е едно патување кон непознатото. Никогаш не сме биле во ваква ситуација и имаме потреба од тимски дух против Франција. Треба да го покажеме најсилното од нас во овој дуел“, изјави Мартинез.
„За целиот наш тим, за цела Белгија ова е уникатен момент. Ова е неверојатна шанса белгискиот фудбал да се искачи на самиот светски врв. Франција ќе биде многу сериозен испит, но треба да го поминеме доколку сакаме да играме финале“, додаде селекторот на Белгија.