Дома Фудбал Лига на шампиони Марсијал: Бев во соблекувална со Роналдо и знам што се случува, многу работи не се вистина

Марсијал: Бев во соблекувална со Роналдо и знам што се случува, многу работи не се вистина

Манчестер Јунајтед во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите на свој терен изгуби од Атлетико со 0:1 и со вкупни 1:2 беше елиминиран од натпреварувањето. Голот на одлука го постигна Ренан Лоди во 41. минута.

Секако, вниманието на фудбалскиот свет беше насочено и кон Кристиано Роналдо кој не успеа во овој натпревар да биде херој на својот тим. Се пишуваше дека Роналдо имал конфликт со Родриго Де Паул и дека Португалецот го одиграл еден од најслабите натпревари.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Кристиано е голем професионалец, еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Сите го сакаме. Постојат работи кои се пишуваат за него во медиумите, а не се вистина. Бев заедно со него во таа соблекувална и знам што се случува“, изјави Марсијал во разговор за шпански „АС“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Паника во Манчестер сити поради личните проблеми на Гвардиола

Новата сезона во англиската Премиер лига е на самиот праг, но за првпат по подолго време М…