Maуро Икарди и Наинголан се играчи кои веројатно поголем дел од клубовите би сакале да ги видат во своите редови, но во Интер не сметаат нив.
Имено, директорот на Интер, Бепе Марота денес потврди дека Икарди и Наинголан не се во плановите на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марота изјави дека Конте сака да гради екипа и дека Наинголан и Икарди не се профил на играчи какви што му одговараат. За Икарди се претпоставуваше, но навивачите се изненадени и што Наинголан е отпишан.
„Кога градите некој проект тогаш потребни ви се одредени профили на луѓе. Имавме прилика да зборуваме со нив и со почит им го објаснивме статусот во тимот. Двајцата играчи занаат дека не се во плановите за клубот наредната сезона“.
„Тоа не значи дека тие не се добри играчи, сите знаеме за какви имиња се работи. Талентот може да носи победи во натпреварите, но тимот носи титули. Нас главна цел ни е да направиме тим и добра атмосфера и тие не се во нашите планови“, изјави Марота.
Икарди најмногу се поврзува со Јувентус и Наполи, додека за Наинголан засега не е познато каде би можел да продолжи.