Синоќа во Буенос Аирес се одигра најголемото дерби на светот помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата.
Жестоките ривали се сретнаа во мечот од седмото коло од аргентинскиот Лига куп, а на крајот Ривер победи со 2:0.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
И овој пат не можеше да нема искри на теренот, а Енцо Перез беше тој што го одбележа синоќешното дерби.
Натпреварите меѓу Бока и Ривер традиционално носат големи возбудувања, но и многу искри и борба на теренот. Натпреварот се игра до последниот атом од силата бидејќи играчите се свесни колку оваа игра им значи на навивачите на лутите ривали.
Ривер беше многу поконкретен и мора да се признае дека заслужено славеше. Гостите поведоа во 41. минута кога Енцо Перез му асистираше на Рондон, а тој постигна гол за 1:0 и тотален молк на Ла Бомбонера.
Го видовме и деталот кој го одбележа натпреварот при прославата на тој гол, а токму Перез беше во центарот на вниманието.
Фудбалерите на Ривер беа прозивани од клупата на Бока за време на прославата и упатуваа разни навреди кон нив, а потоа Перез со еден потег ги замолкна. Најгласен беше Маркос Рохо, но остана без зборови кога Перез му испрати бакнеж додека се враќаше кон центарот на теренот.
Камерите го уловија тој детал, а само покажува какво ривалство имаат овие тимови и какви работи се спремни играчите да направат само за да го испровоцираат противникот.
😘 Festejo de gol de ENZO PÉREZ y ¡BESITO A MARCOS ROJO!😂
— TyC Sports (@TyCSports) October 2, 2023
🎙️ @PasoaPaso pic.twitter.com/iLtau07Gob