Дома Фудбал Италија Маркизио: Јувентус секогаш ќе биде мое семејство!

Маркизио: Јувентус секогаш ќе биде мое семејство!

Италијанскиот играч за врска, Клаудио Маркизио ова лето го напушти Јувентус, откако целата своја кариера ја помина меѓу „бјанконерите“.

Маркизио на големо изненадување минатиот месец спогодбено го раскина договорот со италијанскиот шампион, бидејќи не добиваше голема минутажа за игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанецот пред два дена потпиша договор со руски Зенит, но вели дека секогаш ќе остане дел од „семејството Јувентус“.

„Јувентус секогаш бил моете семејство и ми помогна да го остварам сонот. Среќен сум што имав можност да играм за Јувентус и да освојам многу трофеи. Не знам дали ќе се вратам во Јуве еден ден, но имам специјален однос со клубот и фановите“, истакна Маркизио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Италијанската фудбалска федерација ќе има нов претседател

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (FIGC) Габриеле Гравина официјално под…