Пол Погба одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед и тоа го стави јасно до знаење на челниците на овој клуб.
Французинот пред две години пристигна од Јувентус за 105 милиони евра и сега сака да замине, а Реал Мадрид сака да го донесе во своите редови, но тоа нема да биде ни малку лесно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од Олд Трафорд со сите сили сака да го задржи Погба и наводно е спремен да ги слуша понудите откако ќе ја пронајде адекватната замена.
Погба замина на припремите со Јунахтед во Австралија со надеж дека до крајот на преодниот рок сепак ќе се пресели во Мадрид, а и неговиот агент Мино Раиола потврди дека играчот тоа им го кажал и на челниците.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака да го има Погба во својот тим, а до сега се појавија разни комбинации според кои Реал наводно е спремен да ги даде Иско и Бејл плус пари за Французинот.
Сепак, Јунајтед со последниот потег покажа дека нема намера лесно да се откаже од својот играч, па така Реал ќе мора да плати 180 милиони евра доколку сака да го донесе, што би било рекорден износ за еден шпански тим.
Јувентус исто така е заинтересиран да го врати Погба во Торино, а исто така и играчот е за тоа расположен, но со цената која ја постави Јунајтед тешко дека може тоа да се случи.