Реал Мадрид не игра според очекувањата, а голманската позиција е означена како приоритет да се реши што побрзо.
Давид Де Геа и Тибо Куртоа се поврзуваа со „кралевите“, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, шпанските медиуми сега пренесуваат дека актуелниот шампион на Европа се договорил со голманот на Атлетик Билбао, Кеп Аризабалага. Станува збор за исклучително талентиран млад голман кој во јануари би требало да се пресели во Мадрид.
Да се потсетиме, договорот на Кеп истекува во јуни 2018 година, а се очекува „кралевите“ да ја активираат неговата откупна клазула од „само“ 20 милиони евра. Тоа е навистина ситница ако се знае колкави суми се вртат во модерниот фудбал.
„Марка“ открива и дека Кеп на „Бернабеу“ ќе добива плата од 2.5 милиони евра годишно и ќе потпише договор на шест години.
Од друга страна ова веројатно и значи заминување на Кико Касиља, се шпекулираше и дека Кејлор Навас би можел да ги напушти „кралевите“, а како опција се споменуваше тимот на Арсенал.