Како што сме се поблиску до преодниот рок во медиумите повторно почна да се најавува трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Ѕвездата на ПСЖ наводно е незадоволна од ситуацијата во неговиот клуб, а во Париз се изгледа како сапуница. Навивачите протестираат и бараат заминување на Меси, Мбапе не е на удар, но има тензии помеѓу него и раководството.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради таквата ситуација одново се појавија шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид. Сепак. „Марка“ сега тврди дека во Мадрид не се заинтересирани за Французинот.
„Од ништо повторно се појави таа приказна, но ситуацијата е целосно јасна. Реал нема да го довед Мбапе, не им е потребен. Не постои никаква опција за Мбапе да дојде во Реал ова лето.
Во Мадрид веќе имаат своја мегаѕвезда, тоа е Винисиус Жуниор и директорите на клубот сметаат дека Бразилецот е подобар од Мбапе и сакаат околу него да го градат тимот. Во Реал веруваа во Винисиус кога тој беше мета на критики и сега таа доверба е се поголема“, пишува „Марка“.
Винисиус во Реал Мадрид дојде во 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра и досега одигра 221 натпревар и постигна 59 гола, додавајќи 64 асистенции.