Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ објави крај на професионалната кариера.
Манџукиќ со објава на социјалните мрежи ја соопшти својата конечна одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Драг мал Марио,
додека ги облекуваш овие копачки, прво во својот живот, не можеш ниту да замислиш што ќе постигнеш. Ќе постигнуваш голови на најголемите натпревари и во дресот на најголемите клубови, ќе освојуваш трофеи. Во дресот на најголемата гордост, хрватската репрезентација ќе ги испишеш некои од најважните моменти на хрватскиот спорт.
Ќе успееш на својот пат да сретнеш многу луѓе кои ќе ти помогнат, соиграчи со кои ќе се бориш, тренери од кои ќе учиш, навивачи кои ќе те бодат, менаџери и пријатели кои ќе бидат покрај тебе. На сите нив ќе им бидеш благодарен засекогаш.
Пред се, ќе успееш затоа што секогаш даваш се од себе и на крајот на тоа ќе бидеш најмногу горд. За фудбалот многу ќе жртвуваш, но ќе знаеш дека е вредно за моментите кои си ги доживеал.
Ќе препознаеш вистински момент да ја заврши кариерата, ќже ги ставиш овие копачки во витрината и ќе бидеш среќен, нема да жалиш за ништо. Фудбалот секогаш ќе биде дел од твојот живот, ќе се радуваш на новото поглавје.
Уживај!“.