Меси се врати во репрезентацијата, но и покрај тоа Аргентина доживеа катастрофа против Венецуела, натпревар во кој беа поразени со 3:1.
Аргентинците и со Меси во тимот изгледаа очајно, а сега свој коментар на оваа тема даде и легендарниот Диего Армандо Марадона кој будно следи се што се случува во неговата репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марадона натпреварот против Аргентина го опиша како хорор филм и огромна катастрофа.
https://www.youtube.com/watch?v=OUxwGj6VlbI&t=5s
„Не, не го гледав натпреварот затоа што не гледам хорор филмови“, изјави сегашниот тренер на мексикански Дорадос и продолжи:
„Националниот тим го водат неспособни луѓе, дали мислеа дека лесно ќе ја победат Венецуела? Тие се добар тим и знаев дека нема да биде лесно, но во селекцијата веројатно очекуваа нешто друго“.
„Секогаш жалам кога Аргентина нема да победи. Дел од овие играчи не заслужуваат да го носат дресот на Аргентина. Тие немаат поим што значи да се носи овој дрес со голема историја. Жал ми е и поради цела земја навивачи кои веруваат во овој тим и за некои играчи кои мораат да го трпат ова што се случува“, гласеше изјавата на Марадона.
Инаку Марадона често пати во јавноста излегува со изјави за тоа што се случува во Аргентина и поради тоа што селекцијата подолго време нема некој поголем успех неговите изјави ретко кога се позитивни.