Дома Фудбал Останато Марадона жестоко го нападна Меси: Нема смисла од него да правиме лидер!

Марадона жестоко го нападна Меси: Нема смисла од него да правиме лидер!

Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона за прв пат остро го нападна Лео Меси и упати критики кон ѕвездата на Барселона.

Иако неколкупати во последните години беа на чекор до огромен успех, Аргентинците не се израдуваа на ниту еден трофеј, а многумина за тоа го обвинуваат нивниот најдобар играч, Лионел Меси.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Марадона, кој до сега беше на страната на Меси, сега тврди дека нема смисла од него да се прави лидер, кога тој нема лидерски способности.

„Бесмислено е да се обидуваме да направиме лидер од некого кој оди во тоалет 20 пати пред секој натпревар. Не би требало од него да правиме божество, бидејќи тој е само човек. Во националниот тим тој е само уште еден играч“, изјави Марадона.

Меси за Аргентина има одиграно 128 натпревари, на кои има постигнато 65 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал не успеа со Вилијамс поради рекордни барања, Артета се сврте кон дуо од 125 милиони евра

„Топчиите“ ова лето сакаа да ги зајакнат своите редови со одличниот Нико Вилијамс, но како…